Чадот од шумските пожари е поштетен отколку издувните гасови од автомобилите

- Advertisement -

Ново истражување објавено во весникот Nature Communications откри дека загадувањето предизвикано од шумските пожари е многу поштетно за луѓето отколку загадувањето предизвикано од издувните гасови на автомобилите. Истражувањето е спроведено од истражувач на Институтот за океанографија Скрипс на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Студијата следува после зачестените пожари во САД. Минатата година многу западни држави беа погодени од пожари, а густиот чад од пожарите ги погоди големите градови. Во некои региони жителите беа предупредени да не излегуваат надвор од своите домови затоа што воздухот е штетен по нивното здравје.

- Advertisement -

Истражувачите ги анализирале податоци за здравјето на населението во изминатите 14 години и откриле дека имало пораст од 10% во бројот на хоспитализирани луѓе во Јужна Калифорнија. Според Том Корингам, еден од авторите на студијата, најчесто се потенцираат економските последици на шумските пожари, а не последиците по здравјето.

Во студијата фокусот бил ставен на честичките PM2.5, кои се многу чести при пожарите. Тие микроскопски честички се многу мали и може да го прелажат имунолошкиот систем на телото. Кога ќе се случи тоа, тие влегуваат во белите дробови и во крвотокот. Има повеќе ризици по здравјето кои се поврзани со тие честички, меѓу кои и покачен ризик од респираторни проблеми, срцеви удари и мозочни удари.

- Advertisement -

Посебна студија на квалитетот на воздухот на Западниот брег откри дека еден од седуммина жители поради шумските пожари лани барем еден ден дишеле опасен воздух.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Snappy Goat)

Сподели!
- Advertisement -