Шишенцето од првата вакцина против КОВИД-19 во САД поставено во музеј

- Advertisement -

Шишенцето во кое се наоѓала првата доза вакцина против корона вирусот, која во САД беше примена на 14 декември минатата година се приклучи на збирката на Националниот музеј на американска историја во Вашинготн, како дел од колекцијата предмети поврзани со пандемијата.

Болницата Нортвел во Њујорк, каде што медицинската сестра Сандра Линдзи ја прими првата вакцина против корона вирусот во САД на компаниите Pfizer и BioNTech, на музејот го подари шишенцето заедно со употребениот шприц, документите за вакцинацијата, како и нејзината униформа која ја носела тој ден.

- Advertisement -

„Тоа сега се историски предмети кои сведочат за исклучителниот научен напредок во борбата против корона вирусот постигнат за рекордно време и претставуваат надеж за милиони луѓе погодени од кризата која ја предизвика пандемијата“ наведоа од музејот.

САД е земја која е најмногу погодена од корона вирусот. Во државата има повеќе од 29 милиони заразени луѓе, а од вирусот починаа над 530.000 Американци.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -