Овој еколошки пловечки хотел во Катар се напојува целосно со чиста енергија. На средината има тркалезна платформа која се врти и на гостите им овозможува секој ден да се будат со различен поглед од прозорецот. Истовремено, хотелот е дизајниран да ја минимизира потрошувачката на енергија и да создава нула отпад. Ротирачкиот систем на централната платформа всушност генерира енергија со вртењето.
Хотелот го дизајнираше компанијата Hayri Atak Architectural Design Studio. Планирано е хотелот да има површина од 35.000 квадратни метри и 152 соби. Целосниот систем за генерирање зелена енергија наречен VAWTAU е составен од вертикална оска со турбина на ветар и чадор. Вертикалниот дел фунцкионира како турбина на ветар, додека хоризонталниот дел служи како чадор за сонце. Од компанијата велат дека со овој систем може да се генерираат 25 kW енергија од секој од вкупно 55 VAWTAU модули.
Пристапот до хотелот од брегот е преку пристанишна патека, а од страните на тркалезната платформа има и пристаништен дел каде што може да се паркираат бродови. Друг начин за пристап до хотелот е со хеликоптер затоа што на хотелот ќе има и хелиодром.
Тркалезната платформа треба да биде целата прекриена со зеленило, па луѓето што ќе престојуваат таму ќе имаат чувство како да се на некој остров, а не во хотел.
(Startup Selfie)
(фото: Hayri Atak)