Пет лекции за лидерство кои можат да се научат од Game of Thrones

- Advertisement -

Мегапопуларната ТВ серија Game of Thrones, меѓу другото носи и одлични лекции кои можеме да ги научиме за лидерство.

Во серијата, ликовите се борат за тоа кој ќе седне на т.н. Железен престол. Приказната е фикција, но нуди многу лекции за лидерство. Не земајќи го во обзир насилството, секако.

1. Познавајте ги вашите сојузници

- Advertisement -

Во серијата секој од ликовите се бори за нешто. Но победниците знаат со кој треба да склучат партнерство и како при тоа да ги придобијат. Истражете, распрашајте се и бидете подготвени за преговори.

2. Побарајте силни совети

- Advertisement -

Паметните лидери бараат добри препораки. Не плашете се да побарате нечие мислење или да понудите ваш став.

3. Делигирајте

- Advertisement -

Никој не може сам да ги заврши сите обврски. Не мора да ја контролирате секоја ситуација и дозволете вашиот тим да ви помогне при завршување на задачите.

4. Истапете

Зборувајте и споделувајте го вашиот став во секоја ситуација, дури и ако не сте најискусниот лик во просторијата. Понекогаш најдобриот совет доаѓа од неочекувани извори.

5. Бидете трпеливи

Промените не се случуваат преку ноќ. Доколку веќе сте имплементирале некоја стратегија, оставете време за истата да стапи во сила. Но не плашете се да побарате резултати кога тоа е потребно.

Сподели!
- Advertisement -