Сингапур постави банкомати на кои можете да подигнете пари со поглед

- Advertisement -

Иако полека се движиме до општество каде што нема воопшто да се користат пари, засега картичките и мобилните телефони се примарен начин на плаќање. За подигање готовина главно не се оди во банка, туку пари се подигаат на банкомати. Но, во иднина наместо ставање картичка во банкомат или допирање на картичката до скенер, за подигање готовина ќе биде доволно само да се погледне банкоматот.

Таквите банкомати веќе се користат во светот. Дека на банкоматите картичките може да ги замени биометрија верува и банката OCBC во Сингапур. Оваа банка неодамна ги постави првите банкомати за кои на корисниците не им се потребни картички, туку е имплементирана технологија за препознавање лице. Банкоматите доаѓаат со безбедносни опции кои спречуваат измама и користење фотографии, видеа или маски за потврда на идентитетот. Се што треба да направат корисниците е да го внесат својот единствен идентификациски број и да застанат пред камерата која поддржува технологија за препознавање лице.

- Advertisement -

На почеток банката сепак ќе понуди ограничена услуга, па корисниците кои на банкоматот ќе се пријават со поглед, без картичка, ќе можат само да ја прегледаат состојбата на сметката. Ако во текот на одреден период нема никакви проблеми, OCBC Bank ќе овозможи нови опции како подигање готовина од банкомат. Покрај тоа, сингапурската банка со тек на време планира да ги прошири услугите и да нуди и плаќање со кредитна картичка, испраќање пари итн.

Како предност на таквиот начин на користење на банкомати без картичка банката ја нагласува безбедноста затоа што картичките може да бидат украденни, односно измамници да постават посебни уреди на банкоматите со кои може да ги украдат податоците од картичката и ПИН-от и да ја испразнат сметката.

- Advertisement -

(ZDNet)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -