За оние кои не спијат доволно во Кина е отворен центар за спиење, а таа индустрија бележи се поголем раст. Посебно во ова доба на пандемија, која луѓето се дополнително загрижени за своето здравје. Центарот за спиење стана популарен во Кина затоа што на луѓето кои малку спијат им овозможува доволно одмор и опуштање.
Во таквата капсула за спиење може да се плови во солена вода, која ја одржува температурата на телото, а се со цел да се исклучат сите сетила. Пливањето во капсулата во затворен простор помага целосно да ги исклучите сите сетила и луѓето остануваат восхитени.
Според извештајот кој го објави Кинеското друштво за истражување на спиењето повеќе од 300 милиони Кинези патат од несоница или некој вид на пореметување на сонот. Причините за тоа се многубројни.Генетиката има врска со несоницата, иско како и индустријализацијата и притисоците на работа или на училиште.
Голем дел од заработката во оваа индустрија се должи на производи кои ги користат сите што имаат проблеми со спиењето, како што се многубројните мобилни апликации, услуги или предмети кои овозможуваат одмор. Проценките се дека индустријата за спиење и одмор во Кина во текот на оваа година ќе надмине 60 милијарди долари.
(N1)
(фото: Piqsels)