Проѕирното дрво сега станува уште подобро и не носи чекор поблиску до прозорци кои се подобри изолатори отколку традиционалните стаклени прозорци. Стандардниот процес за претворање на дрвото во проѕирно вклучува потопување на дрвото во содиум хлорид, хемиско соединение кое се користи во варикина или во паста за заби, со цел да се отстранат структурните елементи наречени лигнин. Сепак, на овој начин се користат многу хемикали, се создаваат отпадни води кои тешко се рециклираат и дрвото губи од цврстината.
Лиангбинг Ху од Универзитетот Мериленд и неговите колеги измислија метод кој целосно го модифицира лигнинот намесно да го отстранува. Тој метод е побрз користи помалку штетни материјали, а и дрвото останува поцврсто.
Методот на истражувачите е резултат на последното откритие дека лигнинот може да се направи проѕирен со остранување на делови од молекулите кои му ја даваат бојата. Хидроген пероксидот, кој често се користи за дезинфекција, се става на површината на дрвото и потоа се става под УВ ламба која симулира природна сончева светлина. После потопувањето на дрвото во етанол за отстранување на лепливоста, порите на дрвото се полнат со проѕирна смола.
Финалниот производ е парче дрво кое овозможува продирање на 90% од светлината и е 50 пати поцврсто отколку проѕирното дрво од кое е отстрант лигнинот. Ова проѕирно дрво е полесно и поцврсто отколку стакло и може да се користи за правење прозорци и кровови кои трпат голем товар, а потенцијално во иднина и за целосно провидни куќи.
(New Scientist)
(фото: YouTube screenshot)