Русите ја регистрираа првата вакцина во светот против КОВИД-19 наменета за животни

- Advertisement -

Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор, Rosselkhoznadzor, објави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против КОВИД-19 наменета само за животни. Вакцината се вика Carnivac-Cov, а ја направи рускиот Федерален центар за здравје на животните. Carnivac-Cov во текот на тестирањата не покажа сериозни нуспојави.

Кучиња, мачки, арткички лисици, куни, лисици и други животни се вклучени во клиничкото тестирање на Coronavac-Cov, кое почна во октомври минатата година.

- Advertisement -

„Резултатите од тестирањето ни дозволуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна за животните и дека има висока имуногена активност, како и дека антителата на корона вирусот се развиваат во 100% од случаите“ велат од Rosselkhoznadzor.

Од Rosselkhoznadzor порачуваат дека масовното производство на таа вакцина ќе биде стартувано во април и дека компании од Грција, Канада, Австралија, Полска, САД и Сингапур веќе покажаа интерес за купување на вакцината. Во межувреме САД и Финска исто така се обидуваат да развија КОВИд вакцини за животни поради се поголемата загриженост за мутираните соеви на корона вирусот.

- Advertisement -

(Sputnik)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -