Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

- Advertisement -

Агенцијата за поддршка на претприемништво објави јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија, кој ќе биде отворен до 29 април годинава.

Услугата – менторство е бесплатна, а се релизира според методологијата што АППРСМ ја разви во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и има за цел да обезбеди сеопфатна поддршка за непречен развој и подобри деловни резултати на економските субјекти во земјава.

- Advertisement -

Заинтересираните стопанственици ќе имаат на располагање обучено стручно лице – ментор, кој ќе работи директно со сопственикот/менаџментот на претпријатието.

„Услугата се однесува на бесплатно менторство за новооснованите мали и средни претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавување на Јавниот повик како и постоечки претпријатија, со бизнис подолг од 3 години (регистрирани пред март 2018 година), кои се наоѓаат во клучен момент за нивен понатамошен развој или опстанок на пазарот“, информираат од Агенцијата за претприемништво.

- Advertisement -

Право на учество имаат компании кои се регистрирани во земјава со доминатно домашен капитал, да ги имаат подмирено сите давачки како даноци и придонеси, да немаат деловна активност во воената индустрија и да не организираат игри на среќа.

Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пат на пошта до надлежните регионалните центри во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Охрид со назнака: „Барање за јавен повик за менторски услуги во 2020 година”.

- Advertisement -

Обрасците за пријавување се достапни на веб-страницата на АППРСМ: http://www.apprm.gov.mk/Javen_Povik-Mentorstvo, и https://www.facebook.com/mentoringmacedonia/

За подетални информации, сите заинтересирани можат да се јават во регионалните центри или АППРСМ преку е-пошта, mentoring@apprm.gov.mk.

(МИА)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -