Конференцијата „Размислувај глобално 2021“: Странски фирми заинтересирани за ИКТ и прехранбената индустрија

- Advertisement -

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот од 12 до 15 април учествува на онлајн Конференцијата „Размислувај глобално 2021“ на Меѓународниот трговски совет (ИТЦ).

На виртуелнот штанд на Агенцијата, на вториот ден од глобалната конференција се одвиваат презентации и состаноци со заинтересираните посетители. Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот информираат дека до сега најголем интерес е покажан за ИКТ секторот и за прехранбената индустрија.

- Advertisement -

„Вчера, на првиот ден односно на „Денот на странски директни инвестиции“, почесен говорник беше Дејан Павлески, директор на Агенцијата. Неговата онлајн презентација беше на тема „Можности за инвестирање и трговија“, по што следуваа директни вклучувања со прашања и интерес за инвестирање, како и за извозниот потенцијал. Агенцијата покрај со презентацијата на директорот за цело времетраење на настанот ќе биде присутна и со виртуелен штанд со можности за презентации и состаноци во реално време, онлајн. Исто така присутни на настанот се и бројни наши, домашни, извозно ориентирани компании“, наведуваат од Агенцијата.

Конференцијата „Размислувај глобално 2021“ е најголемиот настан во светот за извозно ориентираните компании. Со 23.000 учесници на Ц ниво, кои доаѓаат од 79 земји, овој форум претставува едукативна и мрежна платформа каде што учесниците можат да се запознаат со  новите трендови, размена на идеи, справување со предизвиците со кои се соочуваат како и можност за потенцијално да се сретнат со нивниот следен инвеститор, снабдувач или клиент. На Глобалната конференција се присутни компании од сите големини – од компании од Fortune 500 и средни компании до мали претпријатија и стартапи.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Invest North Macedonia)

Сподели!
- Advertisement -