Иднината на работните места во фокус на четвртиот Форум на добри компании

- Advertisement -

Иднината на работните места, што донесе пандемијата за бизнисот, како се одрази врз работникот и какво е нејзиното влијание во трансформацијата на работните места, се прашањата кои ќе бидат во фокусот на четвртото издание на Форумот на добри компании, што денеска и утре ќе биде одржан онлајн преку платформата „Зум“.

Настанот, според организаторите, е од регионален карактер и ќе понуди холистички поглед кон можната трансформативна промена на интерсекцијата – бизнис – институции – граѓанско општество. Помеѓу главните говорници ќе бидат менаџери на компаниите „Декатлон“ и „ИКЕА“, но, и истражувачи од Европа, со цел да се фрли светло на опциите преку кои бизнисот може да ја зголеми продуктивноста, компетитивноста, а во исто време да направи и промена во општеството.

Потврдени говорници на форумот се Чарли Фелгејт, лидер за иновации во „Декатлон Јунајтед“, Ан-Софи Гунарсон од „ИКЕА“ Иницијатива за социјални претпријатија, Анете Скопета – заменик-директорка во Европски центар за социјална заштита, Даниела Зампини, постара специјалистка за вработување од Меѓународна организација на трудот, Карел Вандерпортен – претставник на Европска комисија, Вим ван Амел – косопственик, „Ај Диверсо“ и Елиах Родман од „My Interview“.ар/хс/

Сподели!
- Advertisement -