Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2021!

- Advertisement -

Инспирирани од глобалните случувања во секторот на култура и креативни индустрии и ограничените национални можности за домашните претприемачи кои работат во областа Лабораторијата за социјални иновации СмартАп во партнерство со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ го организираат првиот Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2021!

Креативниот Бизнис Куп е единствен меѓународен натпревар за иновативни деловни идеи, производи или услуги од креативните индустрии кои имаат потенцијал да растат на глобално ниво.

- Advertisement -

Се организира годишно во повеќе од 70 земји и за прв пат се случува во Северна Македонија под капата на Creative Business Network (CBN).

Oтворен за претприемачи кои работат во културата и креативните индустрии како архитектура, занаетчиство, дизајн, технологии на искуства, мода, филм, гастрономија, компјутерски игри, 3Д, играчки и игри и други (види повеќе во ЧПП).

- Advertisement -

Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија ќе се одржи на 21-ви мај каде 10 избрани финалисти од сите примени апликации ќе бидат поканети да го презентираат својот бизнис пред жири составено од домашни и странски експерти, инвеститори, претприемачи.

Предтходно, финалистите ќе бидат поканати да учествуваат на онлјан академија каде што со помош на ментори ќе работат на подготовка на својата презентација за Купот, а воедно ќе се стекнат со  знаење за развој на своите бизнис модели и стратегии за раст.​

- Advertisement -

За време на академијата финалистите ќе имаат можност да бидат дел и од неколку тематски сесии со говорници од дома и странство.

Победникот на Националниот Куп ќе добие место во Глобалната акселераторска програма, ќе ја претставува Северна Македонија на Глобалното финале 2021 и ќе добие билет за индустрискиот форум BRIGHT во Копенхаген во Јуни.

Тимовите од второ и трето место ќе добијат карта за присуство на Глобалното финале 2021 година, и можност да се состанат и да се поврзат со претприемачи, инвеститори и ментори од над 80 различни земји.

Заради посебните околности оваа година, Националниот Куп 2021 година ќе биде целосно виртуелен – можност да го следат партнерите од мрежата од останатите 70 земји!

Проверете ги сите детали за настанот и следете ги нашите профили на социјалните мрежи за да дознаете повеќе за натпреварот – жири, ментори, говорници, дополнителни награди итн.

Линк до натпреварот

Директен апликациски линк

Линк до објава на настан на фејсбук за следење на сите детали

За повеќе прашања, придружете се на нашата информативна сесија на 22.04.2021 од 17:30 часот на Платформата ZOOM (линк за регистрација).

Настанот е поддржан од Град Скопје и Центар за иновации на Град Скопје Скопје Лаб.

Сподели!
- Advertisement -