Индонезија направи тенк кој плови по вода

- Advertisement -

Индонезија произведе борбено возило кое може да плови и да лебди, а и да пука како тенк. Станува збор за хибридно борбено возило наменето за одбрана – Tank Boat. Ова возило може да помине 965 км со еден резервоар гориво, што е идеално за одбрана на островите од кои е составена Индонезија. Освен тоа, возилото може да транспортира повеќе од вод маринци.

Tank Boat веќе е во фаза на тестирање недалеку од брегот на Банјуванги, а ако се покаже добро, Министерството за одбрана ќе купи уште примероци од компанијата PT Lundin. Земјата се бори против организираниот криминал, а криминалците користат бројни острови за напади и скривалишта. Меѓутоа, таквите возила ќе овозможат побрз транспорт на војска од остров на остров, како и истоварање на брегот.

- Advertisement -

Tank Boat е долг 18 метри, а широк 6,4 метри. Го придвижуваат два MAN мотори по 1.200 KS, како и две водени млазници. Максималната брзина на движење е до 40 јазли. Тенкот добро е наоружан, а и војниците со себе може да понесат доста оружје. Топот Cockerill од 105 мм испалува противоклопни и високоексплозивни гранати.

Индонезија неодамна доживеа трагедија откако изгуби подморница во април. Остатоците од подморницата се појавија на површината на морето после опсежна истрага. Властите на Индонезија целат дека германската подморница Nangalla-402 била во одлична состојба пред несреќата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -