Американски научник предупредува дека ако има живот на Марс, можеби за неговото постоење се одговорни луѓето

- Advertisement -

Научниците кои ја истражуваат вселената се сложуваат во една работа – некаде таму надвор има траги на живот. Колку ќе им биде потребно за да го пронајдат и во каква форма ќе биде е друга работа. Но, сега научник од Универзитетот Корнел предупредува дека вонземскиот живот, ако го откриеме во вселената, може да биде прилично разочарување.

Имено, професорот Кристофер Мејсон од Универзитетот Корнел, тврди дека постои можност да се најде живот во вселената, но тој всушност потекнува од Земјата и тоа од лабораториите на НАСА.

- Advertisement -

Во својот напис за BBC, Мејсон напиша дека и покрај строгите хигиенски услови кои владеат во лабораториите на НАСА, постои можност вселенските летала како роверот Perseverance од Земјата во вселената да понеле микроби и така да ги „заразат“ другите планети со живот.

Речиси е невозможно да се најде вселенско летало без некаква биомаса, напиша Мејсон. Микробите се присутно на Земјата со милијарди години и ги има насекаде. Во нас, на нашите тела, но и секаде околу нас. Некои може да се најдат и во најчистата соба. Тој дури направил и две студии во кои истакнал како некои организми кои живеат на Земјата се толку изржливи што можат да преживеат строги процеси на чистење, па дури и патувањето до Марс. Мејсон покажа и колку брзо може да растат микробите кога ќе се најдат во вселенски услови.

- Advertisement -

Изгледа дека чистите соби може да послужат за еволуциски селективен процес, кој ги издвојува најиздржливите микроби, кои потоа воедно имаат најголема шанса да го преживеат патот до Марс, напиша Мејсон. Мејсон додава дека ако таквите микроби се појават на Марс, тоа е случај на ненамерно ширење на живот. Предупредува и дека микробите може да направат голема штета ако дојдат во нов екосистем, но и да бидат голема закана по здравјето од астронаутите. Со оглед на тоа дека на Марс моментално „живеат“ неколку летала со човечко потекло, ако најдат какви било траги на живот, научниците прво ќе мора да докажат дека се со вонземско потекло.

Луѓето ќе дојдат до Марс и со себе ќе однесат со себе коктел од микроби кои живеат на нашите и во нашите тела. Тие микроби веројатно ќе се прилагодат, ќе мутираат и ќе се сменат, а ние ќе можеме да учиме од нив. Целиот тој процес ќе го направи животот на Марс поподнослив за сите кои ќе патуваат таму затоа што единствениот геном кој е прилагоден за Марс може да биде сквенциониран и испратен назад на Земјата за дополнителни истражувања.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -