Консумирањето која било количина алкохол може да предизвика оштетување на мозокот

- Advertisement -

Истражување на Универзитетот Оксфорд покажа дека не постои количина алкохол која е безбедна за здравјето на мозокот. Во истражувањето учествувале 25.000 жители на Обединетото Кралство, а била анализирана количината на сива маса во нивниот мозок.

Испитаниците пријавувале кога точно консумирале алкохол, а потоа оделе на скенирање на мозокот. Утврдено е дека алкохолот негативно влијае на на волуменот на сивата маса, која е многу битен дел од мозокот во кој се обработуваат информации.

- Advertisement -

Намалениот волумен на сивата маса доведува до забрзано губење на меморијата“ вели водечката авторка на истражувањето, Ања Топивала, која работи на Универзитетот Оксфорд.

Исто така, било утврдено дека алкохолот има огромно негативно влијание кај оние кои че се напијат голема количина во краток временски период, имаат висок крвен притисок или висок индекс на телесна маса. Не е докажано дали постои разлика меѓу ефкетите кои ги предизвикуваат виното, пивото и ликерот.

- Advertisement -

Многумина пијат умерено и мислат дека тоа е безопасно или дури корисно. Уште не постои лек за неуродегенеративните болести како деменцијата, но знаењето за факторите кои може да го спречат оштетувањето на мозокот емногу битно за јавното здравство“ вели таа.

Американските центри за контрола и пренеција на болести минатата година објавија истражување кое покажа дека иако вкупната стапка на консумација на алкохолот благо паднала од 2011 до 2017 година – од 18,9% на 18%, количината алкохол која ја пијат консументите се зголемила да 12%.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -