Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина

- Advertisement -

Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на нашиот пазар пред 10 години, уште од првиот ден во центарот на своето работење ги става луѓето. Важноста на луѓето како основно јадро во целокупното дејствување, но и во значењето на името на банката продолжува и натаму.

Во годината во која го одбележува овој значаен јубилеј, Халкбанк повторно го насочува вниманието кон луѓето, овој пат претставени преку десет херои од нашето општество што со своите ентузијазам, мотивација, храброст, дејствување, успех и верба во себе успешно чекорат по патот кон остварувањето на своите соништа.

- Advertisement -

Кампањата со која банката го прославува својот роденден на македонскиот пазар, како носечка порака ја има довербата во луѓето и во иднината, изразени преку охрабрувачкиот слоган „Иднината е светла“ и промовирањето и поддршката на 10-те централни ликови во кампањата.

Марко, Илина, Фејми, Лина, Александра, Ката, Јована, Софија, Горјан и Дрита се главните протагонисти што во оваа пригода ја раскажуваат својата приказна. Тие, всушност, симболично ги претставуваат и вредностите и верувањата зад кои стои Халкбанк како бренд.

- Advertisement -

Можеби малку невообичаено славиме 10-годишен јубилеј на овој пазар, но наместо да се осврнуваме кон тоа што сè направивме, развивме и постигнавме во изминатите години, ние фокусот за јубилејот го насочивме кон славење на ЛУЃЕТО и на нивните достигнувања.

Избравме десетмина вистински ХЕРОИ, кои доаѓаат од различни области значајни за нашето општество: спортот, екологијата, културата, иновациите, општествениот активизам, претприемништвото и едукацијата, а кои на некој начин се репрезент и за нашето дејствување и за вредностите што ги одржуваме во корпоративната култура.

- Advertisement -

Сакаме да истакнеме дека постоиме, работиме и растеме заедно со луѓето околу нас. Кампањата го сублимира сето она зад кое стоиме уште од почетокот на нашето дејствување во Македонија – ние сме финансиска институција водена од луѓе за луѓето, институција што во средиштето на своето работење нè има сите нас, нашите потреби и желби, како и добросостојбата на окружувањето и општеството во кое живееме.

Само така може да обезбедиме одржлива иднина за нас и за средината во која дејствуваме“, изјави Главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши.

Халкбанк најавува многубројни активности како дел од кампањата „Иднината е светла“.

Преку нив ќе имаме можност подобро да ги запознаеме десеттемина носители на кампањата, да дознаеме што е она што нив ги мотивирало за да ги постигнат исклучителните успеси и што ќе ги мотивира и натаму.

Освен ТВ-рекламата, подготвен е и серијал од видеа со секој од протагонистите, интервјуа, како и разни активности на социјалните мрежи.

Преку нив, банката ќе се обиде и да ја инспирира, да ја охрабри и да ја мотивира јавноста да презема слични позитивни движења за заедничка подобра иднина.

Следува кратко претставување на хероите што се дел од кампањата на Халкбанк:

Марко Пејчиновски – познат како чудото од дете, кое го преплива Охридското Езеро во 2018 година.

Илина Арсова – уметница и планинарка, која успеа да се искачи и на врвот Монт Еверест.

Фејми Даут – наградениот и признаен на светско ниво директор на фотографија на филмот „Медена земја“.

Лина Ѓорческа – најуспешната тенисерка во земјата, која настапува и постигнува резултати на светските турнири.

Александра Блажевска – наставничка во основно училиште прогласена за наставничка на годината.

Катарина (Ката) Георгиевска – сопственик на ранч и активист за развој на руралниот туризам.

Јована Трајчева – млада и успешна пијанистка.

Софија Дацева – млада иноваторка, добитничка на наградата „Зелена идеја“.

Горјан Јовановски – еко-активист, иноватор и креатор на апликацијата „Мој воздух“.

Дрита Ислами – една од најдобрите олимпски атлетичарки во земјата.

Следете ги нивните инспиративни приказни преточени во кампањата на Халкбанк АД Скопје и уживајте.

Сподели!
- Advertisement -