Целосно автономен брод наскоро ќе го почне своето патување преку Атлантскиот Океан, а на него нема да има екипаж. Станува збор за брод наречен Mayflower 400, кој ќе плови 5.630 км од Плимут во Велика Британија до Масачусетс во САД и ќе спроведува научни експерименти во текот на своето патување, кое ќе трае 12 дена.
Со бродот управува софтвер кој е развиен во соработка со компанијата IBM, а кој се однесува како дигитален капетан. За навигација на бродот се користи стандарден радар и GPS, како и шест камери кои му служат како „очи“ и овозможуваат да избегне други бродови и потенцијална опасност. Со оглед на фактот дека нема екипаж, ниту потреба за складирање храна или други предмети, просторот се користи за технологија.
(Klix.ba)
(фото: Mayflower)