Кинескиот град Шенжен до крајот на годината ќе има само електрични автобуси

- Advertisement -

Нема кој не знае дека Кина се задушува во рекордно ниво на загадување, па токму затоа во Кина се попопуларни се електричните автобуси. Центарот на светската електроника Шенжен оди чекор понапред и до крајот на оваа година планира сите автобуси за јавен транспрот да ги замени со електрични.

Секако дека целосно електричниот јавен транспорт ќе го намали загадувањето и компликациите по здравјето како резултат на загадувачите. Како што пишува CleanTechnica, градот со 11,9 милиони жители веќе некое време работи на остварување на оваа цел. Градот веќе има 14.000 електрични автобуси и останува да се заменат уште неколку стотини автобуси на дизел. Таа замена ќе се заврши дово текот на овие два месеци. Речиси 80% од електричните автобуси во градот се од компанијата, која е лидер на пазарот за електрични возила во Кина.

- Advertisement -

Кина не е единствената земја која ги исфрла возилата на дизел и на бензин. Франција и Велика Британија донесоа одлука да ги исфрлат од употреба таквите возила до 2040 година, Норвешка си зададе таква цел за 2025 година, но нема друг некој голем град во светот кој ќе се префрли на 100% електричен јавен транспорт во наредните неколку години.

Сепак, бројките во Кина зборуваат сами за себе. Кина итно мора да ја среди ситуацијата со загадувањето – според податоците на Светската здравствена организација, возилата продадени во Кина во 2016 година испуштиле 44,7 милиони тони загадувачи во воздухот.

Сподели!
- Advertisement -