Ново истражување во кое научниците го продолжија животниот век на лабораториски глувци за 23% со помош на посебни протеини може да биде патот до моментот кога луѓето во просек ќе живеат 120 години.
Израелските научници кај 250 глувци го зголемиле дотокот на протеинот SIRT6, кој ја контролира брзината на здравото стареење, но вообичаено опаѓа со текот на животот и постигнаа неверојатни резултати.
Очекуваниот животен век на глувците не само што се зголемил за 23%, туку биле и повитални и помалку подложни на заболување од рак во споредба со обичните глувци, се наведува во студијата објавена во списанието Nature Communications.
„Промените кои ги видовме кај глувците може да се применат и кај луѓе, а тоа би било многу возбудливо“ изјави проф. Хаим Коен од Универзитетот Бар-Илан, кој го предводи истражувањето.
Ако луѓето примат таков протеин, нивниот просечен животен век може да достигне околу 120 години. ОН во 2019 година, пред пандемијата на КОВИД-19, проценија дека очекуваното траење на животниот век е 72,6 години.
Лабораторијата на Коен моментално бара начини за безбедно зголемување на нивото на протеинот SIRT6 кај луѓе. Глувците се генетски модифицирани, но на луѓето ќе им бидат потребни лекови за да го постигнат истиот ефект.
„Развиваме мали молекули кои можат да го зголемат нивото на SIRT6 или да ги направат постојните протеини поактивни“ вели израелскиот научник и додава дека очекува поконкретни резултати за 2-3 години.
Коен долго време работи на тоа прашање и уште во 2021 година постигна зголемување на животниот век на глувци за 15%, меѓутоа неговото средство тогаш делуваше само на машки глодари
Новата студија е направена во соработка со меѓународни научници, вклучувајќи го и професорот Рафаел де Каба од Американскиот институт за здравје, и забележа големо подобрување. Нашките глувци живееле 30% подолго, додека женките 15%.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)