Со македонската органска козметика за мажи SVbeardcare до негувана и здрава брада

- Advertisement -

Приказната за SVbeardcare започнала со домашно експериментирање за лична потреба, а денес, скоро две години подоцна, веќе зборуваме за уникатен бренд кој е успешно етаблиран на македонскиот пазар. SVbeardcare  за првпат им претстави на мажите во Македонија домашно произведена и органска козметика за брада. 

 

- Advertisement -

(Разговараше – Бисера Срцева)

 

- Advertisement -

По повод месецот на машко здравје кој се одбележува традиционално во ноември, разговараме со Владо Сејменовски, основачот на SVbeardcare.

За сега SVbeardcare се фокусира исклучиво на домашниот пазар, а според она што ни го раскажа Владо за досегашното искуство, брендот е одлично прифатен од македонските „брадоњи“, а и од љубителките на „брадоњи“.

- Advertisement -

 

  • Најпрвин раскажете ни како воопшто дојдовте до идеја да произведувате козметика наменетa за машка брада?

Сѐ започна од лично искуство. Како човек кој негува брада повеќе години, бев соочен со проблем да најдам во Македонија специјално масло за нега на влакното на брадата. Користев разни масла за кои читав дека се добри за нега на влакното како што се масло од јојоба, бадем, арган, кокосово масло. Случајно на едно патување купив некое специјално масло за нега на влакно на брада и читајќи го составот, сфатив дека се работи за истите оние масла кои јас ги користам, само што овде беа одлично искомбинирани во едно.

Така решив да „прошетам“ малку по интернет и да истражувам како се прават. Налетав на многу интересни идеи и набргу решив да направам неколку масла за мене и за мои блиски пријатели.

Реакциите од пријателите беа одлични и добив огромна поддршка, па наскоро започнав да ги изработувам маслата. Така и започна целата приказна на SVbeardcare.

  • Како што кажавте, од лично искуство сте имале познавања за пазарот пред да ги лансирате производите. Колку нашиот пазар е подготвен за колекција наменета исклучиво за нега на брада и дали сте фокусирани исклучиво на македонскиот пазар?

Да, како што споменав, во Македонија не можеше да се најде масло за нега на брадата и тоа беше мотив плус и одлука дека ваков производ мора да се појави на нашиот пазар. Реакциите и фидбекот кои ги имаме досега не се прераскажуваат, не се објаснуваат. Одлично сме прифатени и постои побарувачка за производите. Но засега остануваме фокусирани исклучиво на македонскиот пазар.

 

  • Каков асортиман нуди брендот? Каде се произведуваат производите и како ги набавувате суровините и амбалажите?

SVbeardcare има еден мал и убав слоган: made in a small lab with a lot of love или направено во мала лабораторија со многу љубов. Таму така и се прават нашите производи.

Брендот во моментот има четири вида на масла за брада со различен мирис, понатаму балсам за брада, балсам за брада и коса, сапуни, тацни за сапуни, восок за бркови, чешел рачно направен од буково дрво и лабело за усни. Суровините ги набавуваме од Македонија од фирма која увезува органски, природни масла и путери додека пак амбалажата ја набавуваме од Србија бидејќи кај нас за жал не е достапна.

 

  • Како тече процесот на производство, од подготовката на производот до пакувањето?

За секој производ има различен процес на подготовка и сите различно се подготвуваат. Некои се подготвуваат по ладна постапка, додека други по топла. За некои производи е потребно помалку од еден час подготовка, полнење и пакување додека пак за други, како што е сапунот, од подготовка до пласирањето на пазар се потребни минимум 3 недели.

Она што е најважно е дека не се користат никакви хемиски додатоци, парабени, силикони и слично, туку состојките се исклучиво органски и 100% природни. Полнењето на сите производи е рачно и на крај секако следува пакувањето кое делува едноставно, а сепак е впечатливо.

 

  • Како мала компанија која се занимава со специфично производство, кои се клучните предизвици/потешкотии со кои се соочувате?

Досега не сме имале потешкотии, а предизвици секогаш има и сакаме да има. Доколку нема предизвик сигурно не би продолжиле да работиме.

 

  • Која е Вашата визија за развој на брендот во поглед на збогатување на понудата и проширување на други пазари?

Имаме многу идеи кои се надеваме дека наскоро ќе ги оствариме. Станува збор за нови производи и додатоци кои на секој „брадоња“ ќе му го олеснат одржувањето и растењето на пред сѐ здрава брада.

За крај, го прашавме Владо како SVbeardcare ќе се вклучи во одбележувањето на Movember односно ноември, месецот на машко здравје. Тој потенцираше дека самиот бренд кој е посветен на негување и одржување на здрава брада, нуди поддршка и се труди да ја подигне свеста за машкото здравје.

Дополнително, овој месец SVbeardcare има посебна акција во која со купување на две масла за брада од нивната колекција како подарок се добива восок за бркови. Работат исклучиво со онлајн нарачки, а за да си обезбедите еден од нивните производи, посетете ја нивната веб страница на www.svbeardcare.com .

 

Сподели!
- Advertisement -