Германски „Бош“ отвара фабрика за чипови!

- Advertisement -

Германскиот технолошки гигант „Бош“ отвори фабрика за чипови во Дрезден вредна милијарда евра, која ќе помогне во задоволувањето на зголемената побарувачка за полупроводници.

Поради глобалниот недостиг на полупроводници, водечките автомобилски компании како „Фолксваген“ и БМВ се принудени да го стопираат производството на возила во последните месеци.

- Advertisement -

– Стагнацијата на пазарот на полупроводници го попречи закрепнувањето на економијата по кризата со коронавирусите – изјави  германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на отворањето на фабриката. Таа рече дека компјутерските чипови ја замениле нафтата како „животна крв“ на економијата.

Бош кој  е водечки снабдувач во автомобилската индустрија, информира дека  новата фабрика претставува најголема поединечна инвестиција во 130-годишната историја на компанијата.

- Advertisement -

Во фабриката ќе се вработат 700 лица и ќе се произведуваат силиконски плочи со десетици илјади чипови кои ги контролираат воздушните перничиња, системите за контрола на сопирачките и паркирањето и другите електронски компоненти на современите автомобили.

Сподели!
- Advertisement -