Дрон-автобус ќе биде новиот начин на воздушен транспорт

- Advertisement -

Во доба кога многу компании како Uber сакаат во својата понуда да воведат летачки такси без возачи, американскиот стартап Kelekona сака да отиде чекор подалеку да го направи првиот летачки дрон-автобус за 40 патници, кој после 2024 година треба да дебитира на 30-минутна рута меѓу Менхетен и Хемптон, а билетот ќе чини 85 долари.

Големиот електричен патнички дрон со вертикално полетување и слетување го нарекуваат и летачки воз, а неговата шасија ќе биде направена со 3Д печатење, додека погонскиот систем ќе биде доволно моќен за превоз на 40 патници и пилоти или вкупно 5 тони товар. Тоа е значителна разлика во однос на летачките такси кои ќе можат да превезуваат само неколку патници.

- Advertisement -

За тоа да биде возможно потребен е моќен батериски пакет, а од Kalekona тврдат дека се на добар пат да го реализираат. Пакетот со батерии на дронот-автобус го споредуваат со тој во автомобилите Tesla Model S кои се споени во еден голем модуларен батериски пакет.

„Она што го создаваме една голема летачка батерија. Наместо правење на шасијата и потоа да размислуваме како во неа ќе ја сместиме батеријата, ние почнуваме од батеријата на која потоа додаваме други делови“ вели основачот и извршен директор на Kelekona, Брејден Келекона.

- Advertisement -

Според него, батеријата треба да има капацитет од 3,6 мегават-часови, што е доволно за напојување на стотина дури и илјади домови. Келекона признава дека уште не ја издала вистинската летечка платформа, а се што развиле досега се одвива во компјутерски симулации, а откако ќе бидат задоволни со резултатите ќе почнат да го прават првиот прототип. Анимацијата од летото на идниот дрон-автобус на Kelekona можете да го видите од видеото во прилог.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -