Русија тестираше аеросолен облик на својата вакцина против КОВИД-19 која е соодветна за деца од 8 до 12 години, а новиот производ, во форма на спреј за нос, планираат да го лансираат во септември годинава. Тоа го изјави научник кој работел на развојот на вакцината Sputnik V.
Александер Гинтсбруд, кој е начелко на Институтот Гамалеј, кој ја направи вакцината Sputnik V, рече дека спрејот за нос за деца ја користи истата вакцина само наместо игла, се става спреј.
Се очекува дека спрејот за деца ќе биде готов за дистрибуција до 15 септември. Групата истражувачи ја тестирала вакцината во форма на спреј на деца на возраст од 8 до 12 години и не забележале никакви нуспојави, како ни зголемување на телесната температура, истакна Гинтсбург.
„Своите мали пациенти ги вакцинираме назално. Ја користиме истата вакцина како и за возрасните, само во спреј за нос“ рече Гинтсбург, но не откри детали за студијата.
(Zimo)
(фото: Flickr)