5,77 милиони евра за поддршка на над 2.200 угостителски објекти

- Advertisement -

Владата продолжува со директната поддршка за македонската економија за спас на работните места. За 2.204 угостителски објекти со 11.235 вработени, кои беа затворени со владината одлука за спречување на ширење на Ковид, обезбедени се 5,77 милиони евра. Ова е дел од економските мерки кои Владата ги презема за надминување на последиците од пандемијата и како што велат оттаму, потврда за успешноста на мерките се статистичките параметри.

„Степенот на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто. Паралелно, бележиме раст на извозот и раст на индустриското производство. Континуиран раст бележат и платите. Просечната плата за месец март изнесува 28.217 денари, што е за 6,8 отсто повисока од истиот месец лани. Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои овозможуваат забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните“ велат од Владата.

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -