Со сите случувања околу Европското првенство во фудбал, можеби сте го погледнале и видеото или пак слика од него, како португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо за време на една прес-конференција одбива да се напие Кока Кола (која го спонзорира првенството).
Имено, пред фудбалерот биле поставени две шишиња од газираниот пијалак кои тој ги заменува со едно шише вода, пред да го изговори зборот “agua” т.е. вода.
Иако на прв поглед ништо сериозно, меѓутоа веднаш по овој чин акциите на Кока-Кола паднале за 1.6%, односно компанијата загубила 4 милијарди долари во пазарна вредност.
Случајот го искорити и Светската здравствена организација, која потегот на Роналдо го искористи за да испрати порака на Твитер за практикување на поздрава диета со помал внес на шеќерни пијалоци и нивна замена со повеќе вода.
Не останаа покуси ниту од познатиот бренд на вода Evian, потсетувајќи ги луѓето да „останат хидирани“ и нарекувајќи го бројот 7 (на дресот на Роналдо) – „најдобриот број во светот“.
Со оглед на тоа што Кока Кола е исто така сопственик на повеќе брендови на вода, можеби и тие треба да го искористат овој момент?
Извор – Маркетинг 365