Собрани над 10.000 потписи за да му се забрани на Безос да се врати на Земјата

- Advertisement -

Повеќе од 12.500 луѓе досега ја потпишаа петицијата со која повикуваат на основачот на Amazon, Џеф Безос, да му се забрани враќањето на Земјата после претстојното ласнирање на вселенското летало на неговата компанија Blue Origin.

Безос е втор најбогат човек во светот со нето-вредност од околу 186 милијарди долари и вкушност е Лекс Лутор (негативец милијардер од стрипот Супермен), се наведува во петицијата. „Тој, всушност, е зол надмоќен човек кој е наклонет кон глобална доминација? Тоа го знаеме со години наназад“ се вели во петицијата.

- Advertisement -

Авторот на петицијата тврди дека Безос работел со Џефри Епштајн и со витезите темплари, како и со слободните ѕидари за да стекне контрола над целиот свет. „А нашата влада дозволува тоа да се случи. Ова можеби е нашата последна шанса пред да воведат 5G микрочипови и да извршат масовно освојување“ вели тој.

За потсетување, Џеф Безос неодамна соопшти дека ќе биде дел од екипажот на првиот суборбитален лет со неговата ракетна компанија Blue Origin. На летот ќе му се придружат неговиот брат Марк, како и победникот на јавната лицитација. Имено, анонимен добитник на аукција плати 28 милиони долари за место за патување во вселената со Џеф Безос.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -