Eлена и Ѓоко Наумовски: „Армада“ постави нов стандард во бродскиот превоз во Охрид! Луксузно уживање за сите сетила!

- Advertisement -

Армада ова не е обичен брод. Ова е приказна за една ќерка на капетан на брод и нејзиниот сопруг кој е исклучителен фотограф и за нивниот сон на овој езерски бисер да му донесат луксузен брод кој ќе ја смени играта на пловниот туризам.

Ова е брод на кој можете да организирате приватна забава, да гледате залез на сонце и да пиете од листата на signature коктели кои се инспирирани од Охрид, а ги прави еден од најдобрите коктел мајстори во Македонија. Можете да организирате конференција и тим билдинг за вашата компанија.

- Advertisement -

Уреден сосем неконвенционално, овој пловечки објект е вистински пример како треба да се гледа на наутиката и што  е доволно добро за автентичен и локален и конференциски туризам.

Новинарка – Љубица Ангелкова

- Advertisement -

За почеток кажете ни како дојдовте на идеа, да инвестирате во купување на брод?

Долго време тлееше идејата да се купи брод. Повеќе од 10 години, но такви беа можностите и околностите. Сепак е сериозна инвестиција која бара 100% вложување и со финансии, со време и идеи како би се добило нешто како што направивме ние. После 4 мали бродчиња кој ги имаше направено мојот татко дојде денот да се купи поголем брод и да се работи нешто посериозно.

- Advertisement -

Наутиката ви е во гените, Вашиот татко е капетан на брод.

Од најмала возраст сум задоена со бродарство. Татко ми беше капетан на бродот „Македонија“ повеќе од 15 години и јас цело мое детство, во летниот период го поминував во кабината на мојот татко и оттаму остана желбата која трае и ден денес да сум непосредно активна во бродарството.

Наутичкиот туризам во светот се развива поинаку, од она на што се навикнати туристите тука. Тоа не е само превозно средство.  

Нашата идеjа беше да го кренеме на повисоко ниво превозот со бродови во Охрид и се надевам дека сме на добар пат. Да не е само “автобуски превоз” по вода од Охрид до св.Наум и обратно, туку да биде потполно уживање почнувајќи од самото пристигнување на бродот па се до негово заминување. Се потрудивме да воведеме некои новини кои се надевам дека веќе се добро прифатени од нашите клиенти и сите си заминуваат со добар спомен од нашиот град и самото крстарење.

Раскажете ни го концептот на Армада?

Армада е нешто сосема ново во Охридското Езеро, нешто што досега го немало на овие простори. Самиот почеток беше или ќе направиме брод кој ќе се мери по светски стандарди во квалитет и услуга или воопшто нема да почнуваме. Успеавме да направиме едно современо пловило кое е по сите европски регулативи, каде што може да ви ги исполниме сите ваши желби околу организација на крстарења со приватни забави, конгреси, семинари, деловни ручеци и сѐ што би сакале вие да имате, но да сте на сред езеро со прекрасен поглед на градот или уште подобро на златното зајдисонце. Кога не плови бродот, тој е вкотвен на пристаниште и работиме како бифе на брод. 

Како туристички работник, како гледате на Охрид со очи на личност која е школувана да работи во овој сектор. Што е добро, а каде се греши?

Требит соба, требит кајче – не треба да биде синоним за туризмот во Охрид. Јас сум основач на Глобус Травел Агенцијата во Охрид и навистина и како човек во туризмот и како родена Oхриѓанка сакам да бидеме она што треба да биде еден град на УНЕСКО со езеро кое е вреден бисер. 

Пред нешто повеќе од 90 години, се случила првата групна посета на Охрид. Со тоа започнува организираниот туризам и во градот и во Македонија. Каде е охридскиот туризам девет децении потоа?

 Oхрид е на пат целосно да се комерцијализира, а тоа не треба да му се случи. Во светот не се тренд одморалиштата со голем капацитет. Наспроти масовниот, треба да го развиваме одржливиот туризам. Ќе дојде клиентела која ќе биде подготвена да потроши за доживеаното. Охрид не е само капалиште, туку треба да биде автентична приказна како онаа што ја имаат градовите по езерата во Италија и Швајцарија. И култура и историја и природа и гастрономска приказна…

Вашиот сопруг е фотограф и неговата професија одлично се вклопува во она што како производ го нудите.

Цело е кога има сѐ. Ќе каже некој…Така и со мојот сопруг Ѓоко, на кој полека-полека му ја ставив љубовта кон бродарството. Се надополнуваме максимално како би успеале во нашите идеи. Секогаш отворен за секоја вид помош, поддршка, соработка, со многу идеи е, тој е човекот кој е  алката која недостасува, а со него сѐ има поинаква смисла. Покрај прекрасните фотографии кои ги прави од нашиот брод успешно го работиме цел проект околу бродот од самата идеја до идни планови. 

Кои се вашите гости?

Со здравствената криза предизвикана од корона, очекувано беше да имаме повеќе гости од Македонија, но веќе има некое поместување на пазарот и присутни ни се и Србите, Црногорците, Пољаците. Македонија пред неколку денови е ставена на листата безбедни земји и веќе имаме најави за странски гости. 

Имате шанса да го изнајмувате бродот за секакви ивенти, дури и за конференциски туризам. 

Од самиот почеток излеговме од комфорната зона и направивме нешто несекојдневно во Охрид. И со самото тоа кога ќе им кажеме на нашите клиенти дека може и конференција да реализираат на нашиот брод, помал конгрес или некое предавање, за што имаме комплетна аудио-визуелна опрема. Во прво време беа збунето, бидејќи е нешто несекојдневно, но полека се менуваат нештата.

Кој настан кој некој кај вас го оранизирал ви оставил интересни сеќавања?

Ние сме се потрудиле на сите клиенти што ни го изнајмиле бродот ние да им организираме максимално уживање. За тоа треба да кажат нашите клиенти, а сега веќе пријатели каде поминале најубаво. Сепак ние сме само организатори, другите се уживатели. Нашиот професионален албум-портфолио е доказ што сме направиле досега и како тоа изгледало.

Имате креирано и автентична листа на охридски коктели кои ги иновира Вашиот коктел мајстор Даниел Новик. 

И ние бевме изненадени колку може да им се наметне особено на охриѓани да пијат коктели. Некако сме насочени кон традиционални пијалаци. Особено не радува што добивме доста позитивни критики за тоа дека сме имале голем избор на коктели и сите се со посебно внимание спремани. 

Даниел е во оваа професија 15 години, а со врвно барменство се занимава 10 години.

Даниел Новик, бармен

Тој е освојувач на повеќе награди, 2017, 3 место на Вигор Бармен Купот, 2018 беше првак, го освои 1 место, а 2019 ја заврши со дури две награди, 1 место на тој познат Вигор Бармен Куп и 3 место на државното првенство за бармени. Сакаме за нас да работат најдобрите, а на гостите сигурно би им значело ако знаат дека еден од најдобрите бармени во државата го прави нивниот коктел. 

Имате иновирано и Ваша уникатна листа на автентични локални коктели. Што беше инспирација и наведете некои од имињата.

Во листата автентични коктели, Даниел би ги посочил неколку, иако тој тешко би се одлучил за неколку. Секој коктел чиј творец е тој за него има посебно значење. Еве мал избор:   Староградски, Proud of Macedonia, Армада …

Каде се гледате себеси за 10 години?

Во следните 10 години се гледам на истиов брод во ново руво. Нема да застанеме околу изненадувањата како би успеале да ги задоволиме сите вкусови. Секако дека постои можност флотата да се прошири, но тоа оставаме на времето да покаже дали ќе има потреба или не.

Сподели!
- Advertisement -