Компанијата Flash Forest од Торонто има голем и битен план за пошумување. Тие користат дронови за садење дрвја, а процесот се врши десет пати побрзо отколку кога луѓето садат дрвја. Целта на планот на компанијата е до 2028 година да засадат 1 милијарда стебла.
Дроновите кои садат се модифицирани за брзо да го испуштаат семето во почвата, што значи дека комбинираат технологија, софтвер и еколошка наука за да го надминат вообичаениот начин на пошумување во време кога тоа е исклучително потребно.
Освен тоа, дроновите ja вршат работата за 80% поевтино во однос на традиционалните методи за садење дрвја. Дроновите се опремени со пневматски систем кој го испалува семето во почвата на оптимална длабочина. Исто така, овозможуваат тимови да пристапат до тешки терени каде што човекот инаку не би имал пристап. Дроновите испалуваат чаури кои се состојат од најмалку три прортени семиња, ѓубриво и други состојки корисни за билки.
Пред процесот на садење дрвја на теренот се испраќаат дронови кои го мапираат тлото за да се направат проценки. Кога ќе се знаат идеалните локации за садење врз основа на анализата на тлото и на постојните билки, на работа тргнуваат дроновите кои вршат прецизно садење.
Потоа тргнуваат дронови кои носат хранливи состојки, додека друг дрон го следи процесот на раст на билките. По тестирањето на прототиповите компанијата во Онтариот, Канада посади стебла со дронови. Целта е и да се намали цената, па една чаура сега чини 50 центи.
Дроновите дневно можат да засадат од 10.000 до 20.000 стебла а во иднина се надеваат дека ќе создадат дронови кои че можат да засадат до 100.000 стебла.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)