Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка

- Advertisement -

 Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони  (ТИРЗ) и  Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) со експертска и финансиска помош ќе им помагаат на домашните мали и средни фирми добавувачи да ја подигнат конкурентноста за соработка со инвеститорите од зоните и да се поврзат со глобалните синџири за набавка. Мали и средни добавувачи од државава заедно со фирми Србија и Албанија ќе бидат дел од 100-те компании што за почеток ќе бидат поврзани со големи меѓународни компании преку дигитална платформа.

Договорот за соработка и партнерство меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и ИФЦ, што беше потпишан денеска, на домашните компании треба да им се обезбеди поголем дел од колачот  што се создава во технолошко индустриските развојни зони.

- Advertisement -

– Во 2020-та, пандемиска година, вкупниот  обем на економска активност во зоните беше 3,4 милијарди евра, во 2019 година овој колач изнесуваше 3,7 милијарди евра, а според бројките што сега ги објавивме за движењата во 2021, а очекување е дека овој колач ќе биде над 4 милијарди евра. Нашата цел како држава е како на домашните компании да им обезбедиме поголемо учество во овој колач. Она што го имаме сега како податок говори дека е недоволно и не е повеќе од два до три проценти во вкупниот обем на економијата тука во зоните, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Ќе се подготви, појасни, програма што советодавно и финансиски ќе им помогне на домашните компании да го подигнат нивото на технолошка подготвеност и да бидат конкурентни за влез и соработка со големи меѓународни компании во рамки на технолошко индустриските развојни зони, како и регионалните, европските и светските пазари.

- Advertisement -

Соработката со ИФЦ, појасни Деспотовски, е чекор кон обезбедување поголем удел на домашните компании. Прв чекор е платформата  каде меѓу другото и домашните компании од Република Северна Македонија имаат можност да се регистрираат и да бидат проценети и оценети како подобни од страна на меѓународни експерти во однос на тоа колку и каде може да влезат за соработка. Вториот сегмент, истакна, е многу важен и се однесува на тоа како да ги помогнеме и да ги поттикнеме домашните компании да го унапредат своето ниво на технолошка подготвеност, да ги зголемат вештините на вработените и да ги обезбедат сите потребни сертификати и потврди за квалитет што им се неопходни да влезат во овој вредносен синџир, односно да зафатат дел од тој колач, рече Деспотовски.

Ари Нам, регионален раководител на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, изјави дека целта е подобри конкурентноста за поголема регионална соработка.

- Advertisement -

– Поврзувањето на локалните мали и средни претпријатија со синџирот на големите глобални компании е со цел да се подбри конкуиретноста. Соработката со Дирекцијата на ТИРЗ ќе овозможи да се донесе сопствена програма со која ќе им се помогне на малите и средни претпријатија, рече Нам, посочувајќи на податокот дека во Северна Македонија има влез на доста странски инвеститори, како и можности за развој на домашните фирми.

Магдалена Шуљакова, претставник на ИФЦ во државава, укажа дека меѓународните компании бараат начини како да ги интегриарат повеќе локалните фирми во својот производен процес.

– Постојат голем број меѓународни  компании кои полека доаѓаат во регинот и го сметаат како атрактивен и поради тоа сметаат дека би можеле тука да дојдат со своето произвдиство. Меѓутоа, констатиравме дека иако има доста големи конкурентности во овој регион, постои млада и едуцирана работна сила, цените на работната сила и услугите се доста ниски постои проблем дека голем дел од фирмите што се тука во регионот, малите и средните форми, не беа доволно интегрирани во т.н глобални вредносни синџири, рече Шуљакова.

Првата од трите компоненти на програмата е платформата која ќе ги спои добавувачите, од регионот, со големите компании кои се присутни во Западен Балкан и пошироко. Таа ќе се подготвува од следниот месец и во пилот фаза во наредните шест месеци ќе бидат опфатени 100 фирми добавувачи од Србија, Северна Македонија и од Албанија, како и купувачи кои се веќе присутни во Западен Балкан но и кои не се.

– Ако порано имаше проблем фирмите да најдат кај се и кои се купувачите, сега ќе постои еден пазар на дигитално ниво каде што тие ќе може да се сретнат, рече Шуљакова.

Покрај на подобрување на вештините и техничките способности на добавувачите ќе се работи и на подготовка на регулатива која ќе им помогне на домашните фирми и на странските инвеститори да работат подобро. Планирани се и активности со банките за да можат да исплатат финансиски продукти кои ќе им помогнат на малите и средните претпријатија за финансирање на проектите.Средствата за реализација на програмата ги обезбеди Швајцарската агенција за економски развој. лв/

Сподели!
- Advertisement -