Апликацијата на видеосервисот YouTube наменета за оперативниот систем iOS на Apple на корисниците ќе им овозможи да гледаат „слика во слика“ (picture-in-picture). Станува збор за опција која на корисниците ќе им овозможи да гледаат клипови на YouTube додека работат други операции на iPhone или на iPad. Портпарол на YouTube изјави дека опцијата полека доаѓа до премиум претплатниците, а потоа ќе биде достапна и за останатите корисници на iOS.
Apple веќе овозможи picture-in-picture видео во вид на минијатурен плеер за iPad уште со iOS 9, а потоа и на iPhone кога се појави iOS 14. Оттогаш поддршката на YouTube за оваа опција е климава и е достапна за iPad ако се користи Ѕafari, иако некои корисници пријавија дека не можат да ја користат ако не се премиум претплатници.
Меѓутоа, дојде време да се решат компликациите за корисниците во САД, иако уште не е познат точниот датум од кога ќе биде достапна новата функција.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)