Почна да се дистрибуира вакцината Sputnik Light

- Advertisement -

Првиот контингент на анти-КОВИД вакцини Sputnik Light почна да се дистрибуира кај граѓаните, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко и додадека дека до крајот на јуни околу 2,5 милиони дози ќе бидат достапни во вакциналните центри ширум Русија.

Sputnik Light ќе се користи за ревакцинација или вакцинација на опоравени КОВИД пациенти.

- Advertisement -

„Ова е вакцина која се дава само еднаш и главно ќе се користи кај луѓе кои го прележале вирусот или веќе се вакцинирани, но сметаме дека ќе се користи и за одредени старосни категории. Одобрена е само за луѓе помлади од 60 години“ изјави Мурашко.

Sputnjik Light е регистриран во Русија на 6 мај.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -