Научници осмислија сензор за заштитни маски кој покажува дали некој е заразен со КОВИД-19

- Advertisement -

Инженери од МИТ и Универзитетот Харвард развија заштитна маска која за 90 минути може да открие дали тој што ја носи е заразен со корона вирус, известија од Институтот за технологија на Масачусетс.

Во маската се вградени еднократни сензори кои може да се вградат во други маски за лице, а може и да се прилагодат за откривање други вируси. Сместени се во внатрешната страна од маската и може да откријат вирусни честички во здивот и се дизајнирани за корисникот да може да ги активира кога ќе биде подготвен за тестот.

- Advertisement -

Резултатите се прикажуваат само на внатрешната страна од маската поради заштита на приватноста. Развојот на сензорите почнал пред неколку години, а претходно се користеле за откривање на ебола и зика вирус.

Овој тест е осетлив како и златно-стандардниот многу осетлив PCR тест, а е брз како антигенските тестови кои се употребуваат за брза анализа на КОВИД-19, изјави истражувачот Петер Нгујен од Универзитетот Харвард.

- Advertisement -

Истражувачите побараа патент за нова технологија и се надеваат на соработка со компании за понатамошен развој на сензорите.

Се надеваме дека оваа платформа може да поттикне нова генерација на биосензори за итни служби, здравствен и воен персонал“ изјави професорот по медицински инженеринг и науки на МИТ, Џејмс Колинс.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -