Осумдесет и двегодишната Воли Фанк на 20 јули заедно со Џеф Безос ќе полета во вселената со компанијата Blue Origin и така ќе стане најстарата личност во светот која патувала во вселената, соопштија од компанијата. Таа ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со човечки екипаж кој го организира компанијата за вселенски туризам, заедно со Џеф Безос, неговиот брат Марк и добитникот на аукцијата чие име уште не е објавено.
Воли Фанк во 60-тите години од минатиот век била учесник во приватната програма позната како Mercury 13, каде што на 13 жени биле вршени разни испитувања, како и на машки астронаути избрани во рамката на програмата Mercury на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената.
„Ми рекоа дека сум ја завршила работата подобро и побрзо од кој било маж. Им реков дека сакам да бидам астронаут, но никој не сакаше да ме вработи. Не ни помислував дека еден ден ќе одам горе во вселената“ вели Фанк.
Воли Фанк е првата инспекторка на американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство, а како пилот има 19.600 часа летање. Ракетата на Blue Origin треба да полета на 20 јули и да достигне на 100 км над Земјата. Патниците тогаш ќе можат неколку минути да лебдат во бестежинска состојба и да ја набљудуваат топчестата форма на Земјата. Потоа капсулата со слободен пат ќе почне да се враќа на Земјата, а ќе ја забават три падобрани, после што ќе се спушти во пустина на западот од Тексас.
(Dnevnik.hr)
(фото: )