Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и во средните училишта

- Advertisement -


Министерството за здравство информира дека почнувајќи од понеделник, 5 јули, ќе започне вакцинација против ковид-19 на вработените во основните и во средните училишта во државава.

„Овој процес на имунизација на наставниот и на ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура, го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година. Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции“, соопштија од ова министерство.

- Advertisement -

(Meta.mk)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -