Презентиран скопскиот трамвај на тркала: Ова е нова историја во јавниот транспорт, рече Шилегов

- Advertisement -

Што претставува БРТ (Бас Рапид Tранзит) системот на јавен превоз и зошто Градот Скопје го одбра токму овој модел на јавен транспорт како решение? Ова се главните прашања на кои одговори денешната презентација на системот за брз автобуски превоз.

Со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици.

- Advertisement -

Проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, заедно со набавката на возилата.

-Целта на денешната презентација е да се обидеме да креираме јасна претстава за јавноста, пред се за граѓаните како главни актери во урбаната мобилност, за тоа што претставува БРТ системот и зошто го одбравме токму овој модел на јавен транспорт како најдобро решение за Скопје. Граѓаните имаат право да ги знаат сите информации за тоа на кој начин се развива градот во кој живеат и колку ќе се подобри квалитетот на живот со воведување на БРТ во Скопје“, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој проектот го нарече нова историја во јавниот транспорт.

- Advertisement -

Извор – Скопско Ехо

Сподели!
- Advertisement -