Научници создадоа нов вид на лед со неверојатни способности

- Advertisement -

Најголем дел од ледот во чиј состав е водата се екстремно цврсти и истовремено кревки, па се крши ако се обидеме да го свиткаме. Но, дека еден долгнавест кристал може да биде далеку пофлексибилен откри тим од кинески научници од Универзитетот Жеиџанг.

Лимин Тонг и неговите колеги од универзитетот го искористија тој факт за да го направат најфлексибилниот лед во светот, чија флексибилност е блиску до теоретскиот лимит.

- Advertisement -

Ледените влакна ги направиле користејќи водена пареа водена со цевчиња во мала комора, чија температура ја држеле на -50 степени Целзиусови. Електричното поле во таа комора ги привлекува молекулите на водата на игла направена од волфрам, каде што се кристализираат во форма на влакна со дебелина од неколку микрометри или помалку.

Потоа тимот кинески научници уште повеќе ги изладил ледените влакна, односно на температура од -70 до -150 степени и го измерил нивното еластично напрегање. Откриле дека тие влакна се поеластични од која било структура на воден лед која била тестирана дотогаш. Некои од тие влакна можеле да се свиткаат речиси да формираат круг, а по попуштањето на силата сите веднаш се вратиле во првобитната форма.

- Advertisement -

Ледените влакна имале 10,9% еластично наапрегање, наспрема 0,3% колку што е забележано кај други мерени форми на воден ле.д. Теоретскиот лимит на еластично напрегање на ледот изнесува од 14% до 16,2%, така што кинеските научници се приближија до таа граница.

Тонг и неговиот тим ги проучиле направените ледени влакна и забележале присуство на уште еден облик на лед кој е погуст од ледот од кој биле направени најголем дел од влакната. Напрегањето на тие влакна можело да доведе до трансформација во структурата на ледот, што значи дека тие влакна потенцијално може да помогнат да разберат како функционираат таквите трансформации.

- Advertisement -

Така произведените мирковлакна се многу провидни, па може да се користат aза пренос на светлина, но тоа не е практично затоа што температурните потреби се такви што би било тешко изводливо. Засега се останува на тестирање на физичките карактеристики на ледот на лабораториско ниво.

Истражувањето е објавено во списанието Science.

(New Scientist)

Сподели!
- Advertisement -