Во опасност од изумирање се над 10.000 видови на билки и животни во Амазонија

- Advertisement -

Над 10.000 видови на билки и животни се во голема опасност од изумирање поради уништувањето на амазонските прашуми, од кои 35% веќе се исечени или многу оштетени, покажува нацртот на научниот извештај објавен вчера. Извештајот го направи Научното собрание за Амазонија, а опфаќа истражувања на 200 научници од целиот свет за најголемата прашума во светот. Тоа е најдеталната проценка за состојбата на шумата и јасно ја покажува виталната улога која ја има Амазонија за глобалната клима и големите ризици со коишто се соочува.

Пресудно е за помалку од 10 години отсега сечењето и уништувањето на шумата да се сведе на нула, се наведува во извештајот и се повикува на масовно обновување на веќе уништените подрачја. Прашумата е витален бедем против климатските промени поради јаглерод диоксидот кој го апсорбира и поради тој што го складира.

- Advertisement -

Според извештајот, тлото и вегетацијата во Амазонија држат околу 200 милијарди тони јаглерод диоксид, што е над 5 пати повеќе од вкупната светска годишна емисија на CO2. Понатаму, континуираното уништување предизвикано од човечкото влијание врз Амазонија доведува во опасност од изумирање на над 8.000 ендемски билки и 2.300 животни.

Науката покажува дека луѓето се соочуваат со потенцијално неповратни и катастрофални ризици поради повеќе кризи, вклучувајќи ги и климатските промени и падот на биолошката разновидност, вели професорката Мерцедес Бустаманте од Универзитетот на Бразилија.

- Advertisement -

Во Бразил се зголеми сечењето на шумите откако десничарскиот претседател Хаир Болсонаро ја презеде улогата во 2019 година. Болсонаро го поттикна рударството и семјоделскиот сектор во заштитените подрачја во Амазонија и ги оислабе агенциите за заштита на природата, што според еколозите и научниците директно резултирало со пораст на разорувањето на шумите.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -