ценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јуни 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2021 година изнесува 71,1 отсто од нормалното искористување.
Според раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2021 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на мај 2021 година и изнесува 15, а во однос на јуни 2020 година е зголемен за 2.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2021, во однос на мај 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понeповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 14,9 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 16,6 проценти и недоволната домашна побарувачка со 15,2 отсто.