Е – трговијата во фокусот на овогодинешната AllWeb конференција

- Advertisement -

Креативност, продуктивност, маркетинг стратегии и таргетирано рекламирање беа само дел од палетата на теми кои беа опфатени на конференцијата на осото издание на AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг. Како и секоја година, така и оваа, организаторите на AllWeb донесоа говорници кои се експерти во своите полиња и кои со оригинални и интерактивни говори ги поттикнаа учесниците да размислуваат „надвор од кутијата“ кога се работи за препознавање на својата таргет публика и допирање до нив користејќи дигитален маркетинг.

- Advertisement -

Конференцијата беше концепирана во три сесии и ја отвори Дејв Бирс од Велика Британија кој е познат меѓународен говорник за креативност и иновации. „Креативноста е процес“, беше клучната фраза до која тој се задржа, потенцирајќи ја потребата од тоа компаниите да им дадат простор на своите вработени сами да пронајдат својата креативност и да ја преточат во продукт.

Свое обраќање пред публиката имаше и Дамјан Дамјановски, Македонец кој долги години живее во Австралија и се фокусира на дигитални маркетинг стратегии и рекламирање, а стои позади познатата кампања на Coca Cola, Share a Coke. На AllWeb тој ги советуваше учесниците како да ја изградат својата маркетинг стратегија врз основа на карактерот на публиката која сакаат да ја таргетираат.

- Advertisement -

Е – трговијата беше клучната тема на овогодинешното издание на AllWeb, па во тој контекст беше презентираното и најновото истражување на Инсајдер ИД, агенцијата за истражување на пазарот од директорот на агенцијата Сергеј Зафироски. Истражувањето се однесување на потрошувачките навики на Македонците кога се работи за Интернет купување, чија анализа предвидува дека ваквиот пазар во Македонија има голем потенцијал и дека во наредниве години се очекува голем раст на истиот.

- Advertisement -

Моментално во нашата држава, оние кои најмногу пазарат на Интернет се младите и урбаните луѓе што ја потврдува прогнозата за очекуваниот раст на ваквиот пазар. Токму поради ова, доколку македонските компании и супермаркети сакаат да остваруваат големи продажби, ќе мора да работат на својот дигитален маркетинг.

Во тој правец, некои од говорниците веќе од втората сесија, зборуваа за користењето на низа алатки кои ќе им помогнат на компаниите да ги анализираат потрошувачките навики на својата таргет група. Мирослав Варга од Хрватска кој е специјалист за пребарувачи и алатки за онлајн рекламирање како Google AdWords и Google Analytics. За истиве алатки, особено предностите од користењето на Analytics зборуваше и Роберт Петровиќ, кој потенцираше: „Со правилното користење на Google Analytics вие не ги трошите парите на клиентот, туку ги заработувате.“

Уште еден клучен говор беше оној на Хајмо Хамер од Австрија кој во својата земја е познат и под прекарот Mister Digital поради неговата експертиза со дигиталниот маркетинг во насока на зголемување на онлајн продажбите на една компанија. Тој зборуваше за концептот на „поврзани купувачи“, потенцирајќи дека „поради тоа што сите купувачи денес се поврзани преку еден мал предмет кој го нарекуваме паметен телефон, секој може да пазарува секогаш и од секаде.“

Останатите теми кои беа опфатени годинава варираа од перформанс маркетинг до содржински маркетинг кој вклучува социјални медиуми и инфлуенсери.

Главен спонзор на конференцијата беше Македонски Телеком, а поддржувачи беа и Фондот за иновации и технолошки развој, AmCham, Стопанска банка АД – Скопје, Инсајдер ИД и други.

Сподели!
- Advertisement -