Роверот на НАСА Персевиренс се подготвува да го собере првиот примерок од карпа од Марс, објави во средата американската вселенска агенција. Собирањето примероци, што НАСА го обележа како пресвртница, ќе започне во следните две недели.
Процесот ќе трае околу 11 дена и вклучува употреба на разни научни инструменти на роверот Персевиренс, но не се знае кога сондата ќе се врати на Земјата.
Последователните мисии на НАСА, кои во моментов се развиваат со Европската вселенска агенција, ќе испратат вселенски летала на Марс за да соберат запечатени примероци и да ги вратат на Земјата. Персевиренс ризично слета на Марс кон крајот на февруари. Развојот и конструкцијата на роверот чини околу 2,5 милијарди долари, а траеле осум години.
Роверот бара траги од претходен живот на микроби на Црвената планета и ги истражува нејзината геологија и клима. Со Роверот на Марс бил донесен и мини хеликоптер. Во средината на април полета на Марс, што е прв лет на друга планета. Оттогаш, хеликоптерот Инџенуити изврши девет летови и неговата оригинална мисија од 30 дена е продолжена.