Барби направи кукла од ликот на научничката која ја создаде вакцината на „Астра зенека“

- Advertisement -

Компанијата Мател, која стои зад брендот Барби, направија посебна кукла инспирирана од научничката Дејм Сара, која ја дизајнираше вакцината на Астра Зенека против коронавирусот.

Сара изјавила дека новата кукла е многу чудна на прв поглед, но се надева дека ќе ги инспирира децата, пренесе Би-Би-Си.

- Advertisement -

„Мојата желба е куклата со мојот лик да им ги покаже на децата професиите за кои можеби не се свесни, како вакцинолог.

Нејзината Барби кукла е една од шесте кои ги слават жените кои работат во науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ).

- Advertisement -

Вакцината на Сара во моментов е најшироко распространетата вакцина во светот која се користи во повеќе од 170 држави.

„Пасионирана сум да ја инспирирам следната генерација девојчиња во СТЕМ професии и се надевам дека децата кои ќе ја видат мојата Барбика ќе сфатат колку се важни кариерите во науката при помагањето на светот околу нас“, рекла таа.

- Advertisement -

Последниве години компанијата која произведува играчки се соочи со критики поради тоа што нивните Барби кукли воспоставуваат нереални слики за женственост. Сега тие имаат и сетови кукли кои се фокусирани околу професии како пожарникарки, докторки и астронаутки, како и широк спектар на бои на кожата на куклите покрај оригиналната бела блондинка која првпат беше произведена во 1959 година.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -