Програма за размена на знаења и искуства за транзицијата на јаглен во регионите на Западен Балкан и Украина

- Advertisement -


Државите од Западен Балкан и Украина имаат можност да учествуваат во програмата за размена на ЕУ со која се овозможува размена на искуства и знаења за транзицијата од јаглен кон еколошките извори на енергија.

Програмата е дел од иницијативата за региони со јаглен што ја спроведува Европската комисија заедно со шест меѓународни институции – Светска банка, Европска банка за обнова и развој, Европска инвестициска банка, Секретаријат на Енергетската заедница, полскиот Национален фонд за заптита на животната средина и управување со води и колеџот на Европа во Натолин.

- Advertisement -

Повикот беше објавен на годишниот состанок на иницијативата на 24 јуни, а на него може да учествуваат регионите со јаглен во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Украина и ЕУ.

„Регионите учесници ќе се спаруваат во зависност од нивниот интерес и стручност, а потоа ќе се изберат релевантни теми за постепено укинување на јагленот и детално ќе се истражат. Ќе се даде приоритет на паровите кои се сочинети од еден регион со јаглен од Западен Балкан и Украина и еден од ЕУ. Меѓутоа, програмата е флексибилна и заснована на потреби. Сите региони учесници ќе имаат придобивки од финансирани студиски посети, размена на знаења и стручна поддршка. Покрај прилагодената стручна поддршка, регионите ќе имаат пристап до совети од своите колеги, преку практични можности за учење и ќе добијат пристап до алатки и поддршка кои ќе им помогнат да ја оценат својата досегашна транзиција, како и да ги мапираат следните чекори“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

Повикот е отворен до 15 септември годинава, а на веб страницата на програмата се објавени повеќе информации.

(МИА)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -