ОН со најдиректно предупредување за климата: Планетата неконтролирано се загрева и луѓето се виновни за тоа

- Advertisement -

Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPC C) при Обединетите нации денеска издаде сериозно предупредување, во кое се наведува дека светот е близу до неконтролирано затоплување, за што недвосмислено се виновни луѓето.

„Нема сомнение дека влијанието на луѓето ја загреа атмосферата, океанот и копното“, се наведува во извештајот на IPC C, што е досега најдиректното тврдење дека луѓето ги предизвикуваат климатските промени, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Во извештајот се тврди дека речиси целото затоплување што се случило од прединдустрискиот период е предизвикано од ослободување на гасови што ја задржуваат топлината, како што се јаглерод диоксид и метан. Најголем дел од ова е резултат на согорување на фосилни горива – јаглен, нафта, дрво и природен гас.

Научниците велат дека само мал дел од порастот на температурата забележан од 19 век може да е резултат на природни фактори.

- Advertisement -

Најновата проценка е исто така драстичен пресврт во однос на претходните извештаи за IPC C, во кои се наведуваше дека е исклучително веројатно оти индустриските активности се виновни за климатските промени.

Во извештајот, во чија подготовка учествувале повеќе од 200 автори, се разгледани пет сценарија, а заклучокот е дека за 10 години ќе се надмине температурата што светските лидери ја поставија како цел во рамките на Парискиот климатски договор.

- Advertisement -

Дури и најдрастичните кратења во намалувањето на емисиите на стакленички гасови најверојатно нема да помогнат за ограничување на покачувањето на просечната температура на 1,5 Целзиусов степен во однос на прединдустриското ниво, цел поставена според Парискиот договор за климата.

Во извештајот од 3.000 страници се заклучува дека топењето на мразот и зголемувањето на нивото на морето веќе се забрзуваат и дека се очекува влошување и се понеповолни временски настани, од бури до топлотни бранови.

Иако поголемиот дел од извештајот дава темна слика за влијанието на луѓето врз планетата и последиците што таквото влијание ќе го има во иднина, IPC C порача дека катастрофалното уништување на ледената покривка и ненадејното забавување на океанските струи е малку веројатно, иако не може да се исклучи.

Станува збор за најголемиот светски извештај за климатски промени, кој ја претставува суровата реалност за ситуацијата на планетата, наведува BBC.

(Denar.mk)

(Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -