Xiaomi развива електрични автомобили кои ќе може да ги купи секој

- Advertisement -

Xiaomi има нов голем проект. Компанијата го купи кинескиот стартап Deepmotion и за 72 милиони долари и сега инвестира во производство на автомобили. Deepmotion се занимава со развој на системи за автономно возење, па оттаму и новиот проект на кинескиот гигант.

Кинеската компанија сака да им конкурира на Baidu, Teslа и на Waymo и сака да биде една од компаниите кои ќе бидат лидери на пазарот за електрични автомобили.

- Advertisement -

Тие сакаат да прават електрични автомобили кои ќе бидат достапни за сите и кои ќе може да ги купи секој, а уште на почетокот на оваа година соопштија дека во текот на наредните 10 години ќе инвестираат неколку милијарди долари во оваа област.

Со оглед на тоа дека ова е година на Xiaomi затоа што успеаја да го престигнат Apple и да заработуваат големи пари, сега одлучија да одат чекор понапред.

- Advertisement -

(B92)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -