Меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по ковид“ на 6 и 7 септември во Скопје

- Advertisement -

Прва годишна меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по ковид“, во организација на Министерството за финансии ќе се одржи на 6 и 7 септември во Скопје.

Конференцијата, како што информира на денешниот брифинг министерот за финансии Фатмир Бесими, е замислена како платформа за развој и дебата за економски политики, со акцент на транспарентноста и инклузивноста, на која министрите ќе ги презентираат своите приоритети во рамки на буџетските планирања за претстојната годинa, со што ќе се зајакне и самиот процес на буџетско планирање.

- Advertisement -

Во рамки на дводневната конференција експерти и министри од дома и странство, меѓу кои потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, директорот на европскиот оддел при Меѓународниот монетарен фонд Алфред Камер, помошникот на генералниот секретар на ООН и директор на УНДП на Бирото за политика и поддршка на програмата Хаолианг Ксу и регионалната директорка за Западен Балкан на Светска банка Линда Ван Гелдер и други ќе дебатираат и разменат искуства, во рамки на шест панели: Глобални и регионални предизвици и изгледи за закрепнување и раст; Макроекономски политики и јавни финансии во пост-пандемични времиња; Добро управување и социјална кохезија; Јавни и приватни инвестиции и конкурентност; Паметна и зелена економија и Човечки капитал и инклузивен раст.

Целта на конференцијата е да се поттикне синергија на идеи и иницијативи од носителите на политики и политички претставници, меѓународни партнери, претставници на цивилното општество и академијата и други експерти за подобрување на дијалогот на економски и финансики теми со национален и регионален контекст, што потоа би биле искористени во процесот на креирање макроекономски политики, јавни финасии и структурни реформи.

- Advertisement -

Конференцијата ќе биде во хибриден формат, со физичко присуство во хотелот Хилтон во Скопје и онлјан на нова дигитална платформа – www.seff.mk.

Сподели!
- Advertisement -