Која е разликата меѓу зафатените и продуктивните луѓе на работа?

- Advertisement -

Барањата за ефикасност на работното место создадоа погрешна претстава за тоа што навистина значи еден продуктивен работен ден, поради што многумина мислат дега да се биде зафатен е исто како да се биде продуктивен.

Разлики меѓу продуктивните и зафатените луѓе

- Advertisement -

Зафатените луѓе тежнеат да вклопат што повеќе работи и задачи во својот ден. Продуктивните луѓе својата листа со обврски смислено и планирано ја намалуваат за 50%. Зафатените луѓе мислат дека за 8-9 часа работен ден мора да направат што повеќе работи. Тие ставаат премногу задачи на својата листа со обврски, а најголем дел од нив потоа ги одложуваат за наредниот ден.

Продуктивните луѓе одлично знаат дека на листата со обврски не мора да имаат 4о0 задачи. Тие заземаат пристап повеќе е помалку кога го планираат својот работен ден и ги извршуваат само најбитните задачи.

- Advertisement -

Зафатените луѓе „скокаат“ на секоја задача. Продуктивните луѓе ја знаат разликата меѓу итно и битно. Зафатените луѓе поминуваат најголем дел од времето на работа гасејќи непотребни пожари затоа што ги заслепува грижата за работи кои не се толку битни. Во секоја компанија многу работи може да се означени како итни, но тоа го утврдува некој колега или шефот, кој очекува одговор шро побрзо. Исклучително продуктивние луѓе знаат да разликуваат итни од битни задачи. Се фокусираат на тоа да го направат она што е битно наместо да го потрошат своето време на работа обидувајќи се да завршат разни итни задачи.

Зафатените луѓе секогаш се расеани. Продуктивните луѓе создаваат систем. Зафатените луѓе во текот на годината развиваат навики кои ја убиваат продуктивноста. Компулсивно проверуваат е-пошта во текот на денот и се исфрлаат од колосек кога и да им заѕвони телефонот. А ваквата пракса може да го забави мозокот.

- Advertisement -

Во неодамнешна студија на лондонскиот Кралски колеџ открија дека компулсивното нервирање околу мејловите може да доведе до пад на 10 IQ бодови. Постојаното префрлање од работа на некоја задача и одговарање имејлови ја менува и струкутрата на вашиот мозок, што доведува до помала способност за фокусирање.

Од друга страна продуктивните луѓе креираат систем дури и за најобичните задачи, како проверување на е-поштата. Тие одредено кратко време се посветуваат на проверување имејлови, така што подолго време може да се концентрираат на она што е неопходно за исполнување на целите за тој ден.

Зафатените луѓе вршат повеќе задачи истовремено. Продуктивните луѓе се фокусираат. Зафатените луѓе се трудат да прават 15 работи одеднаш. Нса компјутер имаат отворено неколку прозорци и документи, додека непрекинато го проверуваат календарот. Продуктивните луѓе се фокусираат на што поефикасно извршување на задачите кои се најбитни. Тие ефикасно вршат повеќе задачи истовремено така што спојуваат помалку битна задача со битна задачаа. На пример, високо продуктивна личност води белешки за идеите за потенцијални проекти додека чека состанок на одборот. Исто така, продуктивните луѓе се свесни дека треба да вршат повеќе задачи само ако некоја друга битна работа може да се направи со малку енергија.

Зафатените луѓе се „залепени“ за своето биро. Продуктивните луѓе знаат кога да направат пауза. Зафатените луѓе ретко прават пауза. Всушност, тие ги мразат паузите затоа што мислат дека се за мрзеливи луѓе. Исто така, ги фрустрира кога ќе видат продуктивни луѓе кои изгледаат како да го имаат сето време на светот и уживаат во својата работа. Продуктивните луѓе знаат кога себеси да си дадат време за одмор. Прават паузи така што одат на прошетка додека ја слушаат омилената музика, гледаат кратки смешни видеа, медитираат или одат на ужина. Знаат дека ќе бидат попродуктивни кога ќе го пуштат мозокот да се одмори од неколку долги часови работа.

(BIZLife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -