- Advertisement -
Во Крушево ќе се градат фотоволтаични електрани во вкупна вредност од 5 милиона евра. За таа намена, во крушевската локална самоуправа денеска се одржаа јавна презентација и расправа за урбанистичките проекти, надвор од опфатот на урбанистички план за изградба на фотоволтаични електрани.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, со оваа расправа се најавува инвестицијата од 5 милиони евра за изградбата на фотоволтаиците.
- Advertisement -
-Ја најавуваме оваа голема инвестиција и очекуваме за брзо почеток со работа на теренот. Изградбата на фотоволтаични електрани е инвестиција вредна 5 милиони евра и претставува резултат на соработката со инвеститори од државава и од странство, изјави Христоски.
- Advertisement -