Ова е медицинската сестра Грејс – хуманоиден робот кој им помага на докторите

- Advertisement -

Компанијата Hanson Robotics во 2016 година на светот му го претстави роботот Софија и ги одушеви сите. Сега истата таа компанија со седиште во Хонгконг го претстави својот најнов изум – медицинската сестра Грејс, хуманоиден робот кој се очекува да донесе револуција во здравствената заштита.

Дизајнирана е како помошник за докторите. Грејс е опремена со сензори, вклучувајќи термална камера за детекција на температурата и пулсот на пациентите, која им помага на докторите во дијагностицирањето на болестите и давањето третмани. Таа е и помошник за пациентите. Специјализирана е за грижа за постари пациенти, а зборува три јазици – англиски, мандарински и натонски.

- Advertisement -

Роботите како Грејс се наменети за поддршка за медицинските експерти, а не како замена, велат од Hanson Robotics.

Претставувањето на Грејс доаѓа среде пандемијата на корона вирусот, кога е зголемена потребата за решенија за бесконтактна нега. Според Меѓународната федерација за роботика, глобалната продажба на медицински роботи веќе била во пораст и пред пандемијата за 28% од 2018 до 2019 година, а од федерацијата предвидуваат дека вредноста на тој сектор може да се дуплира во текот на следните три години.

- Advertisement -

Од Hanson Robotics велат дека масовното производство на нивните роботи Грејс и Софија ќе почне на крајот на годинава.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -