Брачен пар од Холандија дизајнираа пловечка фарма за крави која издржува и поплави

- Advertisement -

Холандија е еден од најголемите загадувачи со стакленички гасови по жител во Европа. Холанѓаните емитуваат 34% повеќе стакленички гасови по жител отколку просечниот Европеец, а само четири земји во ЕУ имаат полоши резултати од Холандија.

Работите се уште посериозни во земјоделскиот сектор, особено во млечната индустрија, која произведува многу метан од кравите. Бидејќи 1/3 од земјата е под нивото на морето, а покачувањето на нивото на водите предизвикано од климатските промени ја доведува земјата во опасност, мора да се бараат решенија за намалување на емисијата на гасови и да се најде повеќе простор за фарми.

- Advertisement -

Еден браќен пар од Холандија изгледа има решение за овој проблем. Имено, тие дизајнираа пловечка фарма за крави која може да се прилагодува на нивото на морето и не зафаќа воопшто копно.

Петер и Минке ван Вингерден велат дека нивната фарма се движи со плимата, па во случај на поплава, нема да престане да работи. Исто така, фарамата е доста одржлива. Кравите се хранат со грозје од банки за храна, отпадно жито од локалната пивница и покосена трева од локалните терени за голф. Со тоа се крати емисијата на гасови која би се добила со производството на храна за кравите.

- Advertisement -

Понатаму, изметот од кравите се претвора во пелети за градина, со што се намалува емисијата на метан, а нивната урина се рециклира до вода за пиење. Што се однесува на електричната енергија за фармата, таа се добива од соларни панели.

Светот е под притисок. Ние сакаме нашата фарма да биде што е можно потрајна и понезависна, вели брачниот пар Вингерден.

- Advertisement -

Пловечката фарма се состои од три ката. Кравите живеат на најгорниот кат. Од млекото на вториот кат се произведува сирење, јогурт и путер, а на првиот кат се остава сирењето да зрее.

Минке ван Вингерден потенцира дека кравите никогаш нема да добијат морска болест затоа што нивната фарма се движи по малку исто како брод крстосувач.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -