Јужнокорејски научници инспирирани од природата развија вештачки материјал сличен на кожа кој менува бои на ист начин на којшто камелеонот се прилагодува на околината.
Тимот предводен од Ко Сеунг-хван, професор по механика на Универзитетот Сеул, ја разви кожата која ја менува бојата според температурата и ја контролираат мали, флексибилни грејачи.
„Ако носите маскирна униформа во пустина, лесно ќе ве забележат. Промената на бојата во склад со околината е клучна за технологијата која ја создадовме“ вели Ко.
Експертите својот изум – термохроматска кристална тинта и повеќеслојниот наногрејач – ги демонстрираат на робот кој имал вградени сензори за боја. Која боја и да ја виделе, кожата ја имитирала. Роботот на видеото полсел по црвен, син и зелен под и во истиот момент ја менувал бојата за да се вклопи во околината.
Дебелината на вештачката кожа е помала од стотина микрометри и е потенка од влакно на човечка коса. Нивното истражување е објавено во август во списанието Nature Communications.
(Zimo)
(фото: Pixabay)